Land Rover го лансира Range Rover Mansory!

Land Rover го лансираше новото петтото поколение на Range Rover за моделската година 2022.,а оваа година и тјунираниот модел Mansory, со зголемен капацитет на моторот на 611 коњски сили. Оваој модел на SUV добива нов стајлинг и некои нови мотори, но и верзијата Mansory на овој модел, каде што ја одбележува каросерискиот кит и врвните перформансите на новиот Land Rover.

Масивниот каросериски кит на Mansory вклучува нов капак од карбон, вентилации прекриени со карбонска фолија за HSE, Autobiography и Vogue варијантите. Сите нови делови на тјуниранит модел се направени од карбонска основа, а купувачите можат да добијат нов преден спојлер, странични рол-барови, панорама покрив и заден спојлер, преден спојлер, модифицирани ретровизори,заден дифузер кој е достапен со или без интегрирана светлина за штоповите и многу други додатоци.

Дополнителните карбонски делови не се единствените надградби на екстериерот на новиот Land Rover. Потенцијалните купувачи можат да ја надградат и големината на тркалата на SUV-от со ултра лесни лиени бандажи, на кои идат гуми со димензии 295/30 R24.

Во ентериерот, Mansory нуди низа опции за прилагодување во зависност од барањата на купувачите. Компанијата може целосно да го покрие ентериерот со кожа достапна во различни бои. Можете да добиете дискретни логоа на Mansory во целиот ентериер, со декоративни влакна од карбонска фолија, алуминиумски педали, а возачите можат да управуваат со надградениот Range Rover со кожен и карбонски волан на Mansory.

Слични објави