Тимот на Маурицио Сари, продолжува со серијата одлични игри и на вечерашниот натпревар против Специја славеше со убедливи 0-3. Ова беше четвртата по ред победа за Лацио, сo којa уште повеќе се зацврсти на второто место на калчолигашката табела.
Римјаните беа подобар ривал на теренот и заслужено стигнаа до водство во 36. минута, кога Чиро Имобиле од пенал го совлада домашниот голман. Алберто го зголеми водството на 0-2 во второто полувреме, а конечните 0-3 ги постави “резервистот” Антонио во самиот финиш.
Со оваа победа, Лацио има вкупно 61 бод, осум повеќе (и натпревар повеќе) во однос на третопласираната Рома.