Компанија обвинета за продажба на канцерогена пудра за бебиња: Ќе плати казна од 8,9 милијарди долари

„Џонсон и Џонсон“ (Johnson & Johnson J&J) се согласи да плати 8,9 милијарди долари за да ги реши десетици илјади судски процеси во кои се тврди дека талкот во пудрата за бебиња и другите производи предизвикуваат рак.J&J во вторникот повтори дека неговите производи од талк се безбедни и не предизвикуваат рак. Адвокатите на компанијата рекоа дека тврдењата за талк немаат научна основа и ги обвинија тужителите дека бараат голема финансиска добивка.Договорот следи по одлуката на апелациониот суд во јануари со која се поништи контроверзниот стечаен план за банкрот на J&J, пишува Ројтерс.Имено, по неуспешниот прв обид за банкрот, J&J ја подели компанијата на два дела, а потоа се обиде да ја префрли одговорноста за евентуалната пресуда на еден од нив. Новата подружница која ја презеде прогласи стечај речиси веднаш по нејзиното формирање.

Адвокатите на тужителите го опишаа тоа како злоупотреба на системот за стечај од страна на мултинационален конгломерат со пазарна капитализација од повеќе од 400 милијарди долари, кој е во мала опасност да остане без пари доколку им плати на жртвите од рак.

Истрагата на Ројтерс во декември 2018 година покажа дека J&J знаел со децении за тестовите кои покажуваат дека неговиот талк понекогаш содржи канцероген азбест, но ги криел тие информации од регулаторите и јавноста. J&J објави дека нејзината пудра за бебиња и другите производи од талк се безбедни, не предизвикуваат рак и не содржат азбест.

Компанијата објави во 2020 година дека ќе престане да ја продава својата пудра за талк за бебиња во САД и Канада поради, како што ја нарече „дезинформации“ за производот, а подоцна ја објави својата намера да ја прекине продажбата ширум светот во 2023 година.

Слични објави