Вчера биле каснати три лица од улични кучиња во Скопје.
Во Полициската станица Ѓорче Петров, Л.Ј.(70) од Скопје пријавила дека на ул.„Лука Геров“ била касната од куче скитник.
Потоа во 17.25 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Н.Т.(37) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Додека во 20.20 часот во Полициската станица Карпош, А.Д.(50) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.