На патниот правец Кичево – Охрид, од Песочан до Врбјани, денеска околу 16:00 часот ќе има изменет режим на сообраќај. Поставена е соодветна сигнализација.
Од АМСМ информираат дека поради асфалтирање, делницата Велес – Градско (делот од с. Виничани до Винарија Стоби) од 30.03.2023 година до 01.04.2023 година ќе биде затворена за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот.