„Индијана Џонс 5“ премиерно во Кан

Долгоочекуваниот нов филм од серијалот за археологот-авантурист Индијана Џонс, кого за последен пат ќе го глуми Харисон Форд, ќе биде премиерно прикажан на францускиот Филмски фестивал во Кан во мај, потврдија организаторите.

„Индијана Џонс и Бројчаникот на судбината“ (Indiana Jones and the Dial of Destiny), со Фиби Волер-Бриџ и Антонио Бандерас покрај Форд, е петтиот дел оваа филмска авантура. Холивудскиот ветеран веќе најави дека ова ќе биде негов последен „Индијана Џонс“ филм.

Ова е и првиот филм што не е режиран од Стивен Спилберг. Тој ја потпишува продукцијата на филмот, но режисерската улога ја превзема Џејмс Манголд.

Фестивалот во Кан оваа година ќе трае од 16. до 27 мај, а неговата целосна официјална програма ќе биде објавена во текот на следниве неколку недели.

Слични објави