И Италијаните се иселуваат-Италија се соочува со намален број на жители, речиси 180.000 помалку од лани

Италија бележи пад на бројот на жители, од една страна поради стареењето на граѓаните, а од друга поради падот на наталитетот, објави тамошниот Завод за статистика.

На 1 јануари 2023 година, Италија имала 58.851 милиони жители, односно 179.000 луѓе помалку во споредба со претходната година.

Минатата година во земјава починале 713.000 лица, а се родиле 393.000 луѓе, што е историски минимум“, се наведува во соопштението.

Покрај падот на наталитетот, населението во Италија старее. Просечната возраст на населението на почетокот на 2020 година беше 45,7 години, а на почетокот на 2023 година беше 46,4 години.

Граѓаните на возраст над 65 години сега претставуваат 24,1 отсто од населението во споредба со 23,8 отсто една година порано.

Во Италија во моментов има 22.000 стогодишници и нивниот број е тројно зголемен во последните 20 години, додава институтот.

Слични објави