Влегувањето во светот на мирисите на Dr. Vranjes Firenze значи нуркање во карактеристични, единствени мириси, способни да ги обликуваат најважните моменти од вашиот живот.
Секој мирис е дизајниран да понуди мулти-сензорна благосостојба, трансформирајќи го секој момент во незаборавно искуство инспирирано од италијанскиот начин на живот. Од самиот почеток на неговото истражување, амбицијата на д-р Паоло Врањес отсекогаш била да создаде уникатни и непредвидливи миризливи патувања кои се одличен додаток за секоја просторија во Вашиот дом или деловен простор.



Повеќе од 40 години, д-р Врањес Фиренца успеа да ја инкапсулира елеганцијата на Фиренца, нејзината традиција на изработка и уметноста на парфимеријата во шише, нудејќи мултисензорен пристап кон животот преку мириси за домот и за лична убавина.
Овие сцентични специфични и уникатни ароми нема да ги сретнете никаде на друго место. Д-р Врањес е она што го барате доколку сакате поразлично искуство кое се одвојува и го дефинира вашиот начин на живот.
Присутни сме во 60 земји во светот, со 12 специјализирани бренд продавници во Италија и 600 овластени дистрибутери ширум светот. На нашите простори достапни се во парфимериите Cosmo и Шатци.
Изминатата недела, во стилот на италијанскиот гламур, се одржа настан во хотел Хилтон, каде што главна тематика беа уникатните искуства што ги нудат производите на д-р Врањес. Над 200 одбрани гости беа почестени со сето она што го нуди асортиманот и тимот на д-р Врањес, а покрај обраќањето на нашиот ценет гостин кој е директор за извоз на италијанската компанија Кристина Реболини, а за добрата забава и атмосфера во италијански елегантен стил беа задолжени Павле Камиловски и Сара Мејс.
Погледнете дел од атмосферата.









