Австралискиот актер Хју Џекман (54) на социјалните мрежи објави дека пристигнале резултатите од неговата биопсија и ги израдувал своите следбеници со тоа што ракот на кожата не му се вратил.

Биопсијата е негативна!!! Ви благодарам на сите за љубовта што ми ја испраќате. Ја чувствувам – напиша актерот.
Откако му бил дијагностициран рак на кожата, лекарите шест пати го отстраниле необичниот израсток. За да се обиде да ги заштити другите луѓе од процесот низ кој поминал, Џекмен понудил совет и укажал на важноста на заштитата од сонце.
– Не заборавајте да нанесете крема за сончање со висок SPF фактор без разлика на сезоната – предупреди тој.
Ѕвездата на „Wolverine“ исто така откри дека неговиот лекар забележал нови промени на кожата и се сомневал во рак на кожата на базалните клетки. Според тоа, актерот направи две биопсии на ткиво.

Инаку, на Џекмен првпат му беше дијагностициран рак на кожата во 2013 година, кога шминкерот на снимањето на филмот „X-Men“ го предупреди за необичен израсток на носот, а на крајот неговата сопруга го убеди да посети доктор.
Сега многу експерти укажуваат на последиците од изложувањето на сонце, а најмалигниот тумор е меланомот. Може да се појави каде било на кожата каде што немало претходна промена или од бенки. Прогнозата на меланомот откриен во почетната фаза е добра со речиси 100% излекување.
Најголем број заболени од рак на кожа е забележан во Австралија. Таму годишно се дијагностицираат повеќе од 11.500 случаи на меланом, а се проценува дека 434.000 се лекуваат од други видови на рак на кожата.