Во вториот месец од годинава се бележи раст во продажбата на 30 марки на возила, вклучувајќи Lotus, Cupra, Land Rover, Maserati, Alfa Romeo и др. Сепак има и 25 марки што се соочиле со пад во продажбата.
Кај 23 марки на возила се бележи раст кој е поголем од просечниот раст на целиот пазар, кој изнесува 12 проценти. Вкупно 35 марки на возила продале повеќе возила во февруари на европскиот пазар, во споредба со истиот период минатата година.
Италијанската марка Alfa Romeo е особено успешна, со компактниот СУВ модел Tonale и постигна трицифрен раст во продажбата. Ваков троцифрен раст имаат уште кинеската марка Geely, спортската марка Lotus и електро-марката Lynk & Co. Други марки пак со двоцифрен напредок се Maserati, Genesis, Cupra, Land Rover, Dacia, Aston Martin, Nissan и Tesla, што ги прави вкупно 23 марки. Се напоменува дека статистиката е базирана на податоци доставени од 94 проценти од пазарот составен од ЕУ, ЕФТА и Велика Британија.
Поголем раст е забележан кај британската традиционална марка Lotus, благодарение на успехот на новиот спортски модел Emira. Во истиот концерн, кинескиот Geely кој ја вклучува и марката Lynk & CO, која пак го привлече вниманието на европскиот пазар со својот компактен кросовер 01. Овој автомобил се нуди само со претплата, со сите трошоци вклучени во ратата, како регистрација и редовно сервисирање, додека само горивото е единствен трошок за купувачот.