Абазовиќ му честиташе на Милатовиќ: Црна Гора слави победа, мисијата е завршена

од Вести365.МК Ј.Р.

Милатовиќ синоќа убедливо, со речиси 70 000 гласа повеќе, го победи долгогодишниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Со губењето на функцијата претседател, партијата на Ѓукановиќ е целосно обезвластена на национално ниво
Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ ги коментираше резултатите од претседателските избори во Црна Гора, по што му честиташе на новоизбраниот претседател Јаков Милатовиќ.

„Му честитам на Јаков Милатовиќ за неговиот избор за прв европски претседател во историјата на Црна Гора. Мисијата заврши. На Црна Гора ѝ претстои светла иднина. Ќе работиме заедно за европска, граѓанска и еколошка држава“, напиша Абазовиќ на Твитер.

https://twitter.com/DritanAbazovic/status/1642605048982011904?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1642605048982011904%7Ctwgr%5Eefcda91ddde3133e1b414b11ed6b2bcd37f9c3b6%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F360stepeni.mk%2Fabazovik-mu-chestitashe-na-milatovik-tsrna-gora-slavi-pobeda-misijata-zavrshena%2F

По таа честитка, Абазовиќ објави и видео на кое се гледа како излегува по улиците на Подгорица за да ја прослави победата на Милатовиќ.

„Црна Гора слави победа“, напиша тој во описот над видеото.

https://twitter.com/DritanAbazovic/status/1642624687980130306?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1642624687980130306%7Ctwgr%5Eefcda91ddde3133e1b414b11ed6b2bcd37f9c3b6%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F360stepeni.mk%2Fabazovik-mu-chestitashe-na-milatovik-tsrna-gora-slavi-pobeda-misijata-zavrshena%2F

Милатовиќ синоќа убедливо, со речиси 70 000 гласа повеќе, го победи долгогодишниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Со губењето на функцијата претседател, партијата на Ѓукановиќ е целосно обезвластена на национално ниво.

Милатовиќ во својот говор, меѓу другото, рече дека овој момент го чекале повеќе од 30 години и дека ова е победа на сите граѓани на Црна Гора.

Тој додаде дека сака добри односи со сите земји, но и дека Црна Гора за пет години ќе биде во Европската Унија.

„Вечерва се збогувавме со катастрофалниот режим и последниот диктатор во Европа. Вечерва решивме да се збогуваме со криминалот и корупцијата и поврзаноста на криминалот и корупцијата со политиката во Црна Гора. Никогаш повторно! Го оставаме минатото во минатото. Ова е навистина историски ден. Ова е победа на помирена Црна Гора и никој никогаш повеќе нема да се расправа со Црна Гора. Црна Гора е земја на сите нас“, рече меѓу другото новиот претседател на Црна Гора.

Слични објави