СДСМ: Законските измени важат и за проектите финансирани од ЕУ а не само за коридорите

Со предлог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата. На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на коридорите 8 и 10Д, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како автопати, железници, гасоводи и слично, велат од СДСМ.

Потенцираат дека меѓу нив спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции.

– Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д, како најголем инфраструктурен проект од осамостојувањето досега. Изградбата на коридорите, носи економски придобивки за домашните компании, отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст на БДП од два отсто годишно, потенцираат од партијата.

Слични објави