14-годишниот Андрија Чикиќ е еден од осумте деца кои вчера ги уби Коста Кецмановиќ во училиштето во Врачар.
Кецмановиќ уби седум девојчиња, Андрија и чуварот Драган. Андрија бил момче со голем талент за музика, а на клавир свирел од шестата година. Пред само еден месец ја компонирал композицијата Емоције со која победил на конкурсот Детски композитори.
Видеото е објавено и на Фејсбук страницата на училиштето.
„Уживајте и препуштете се на емоциите на Андрија Чикиќ, кој сам ја компонираше и свиреше инструменталната композиција и ја освои првата награда“, напишаа тие.
Добитник е на повеќе награди
За музиката се интересирал уште од најраното детство, а на пијано свирел од својата шеста година. Добитник бил на неколку први награди на државни и меѓународни музички натпревари и добитник на специјална награда за изведбата на композицијата Burgmuller Etude D major во 2019 година.
Настапил на неколку концерти
Андрија бил одличен ученик, имал највисоки оценки по сите училишни предмети. Покрај музиката, сакал јазици, математика, спорт… Тренираше тенис“, стои во биографијата објавена на неговата веб-страница.
Видеото може да го погледнете на следниов линк
https://www.facebook.com/oos.vladislavribnikar/videos/165432616413944/?t=1