Мицкоски: Поради егзибициите и антидржавната политика на претходната Влада, имаме политички услов – уставните измени

од Вести365.МК Ј.Р.

И амбасадорот Рокас вчера кажа дека, во суштина, споредено со минатогодишниот извештај имаме значителен напредок оваа година. Но исто е поважно да се каже дека извештајниот период не ги опфаќа оние реформи кои се направени во меѓувреме и ќе се направат до крајот на годината, посебно кога станува збор за борбата со корупцијата и владеењето на правото, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

-Извештајниот период завршува до 31-ви август. Во процесот на Реформската агенда ние направивме многу важни реформи и кое што претставува дел од овие извештаи на ЕУ. Очекувам следната година на имаме уште посилен извештај со што ќе се потврдат напорите и амбицијата на оваа Влада да биде реформска, рече Мицкоски.

Што се однесува до уставните измени, истакна премиерот, ставот на Владата е јасен и непроменет.

-За жал, поради егзибициите и антидржавната политика на претходната Влада на СДСМ и ДУИ ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните измени. Иако многу пати во тоа време предупредувавме, бевме опозиција, да не навлегуваат во такви авантури, за жал, тоа не го послушаа. И сега можеби ние сме единствениот пример кој што покрај оние суштински реформи кои треба да ги спроведе, имаме и политички услови. Тоа е што е. Ние го водиме дијалогот со нашиот источен сосед, се надевам дека тој дијалог на крај ќе вроди со плод и ќе можеме да зборуваме за процес кој конечно, после 21 година откако се стекнавме со кандидатски статус и 26 години откако го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација, ќе можеме да отпочнеме со процесот на преговори, рече Мицкоски.

Слични објави