Фалат 8 тони сув цвет од медицински канабис од струмичка фирма

од Вести365.МК Ј.Р.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од с.Борисово, општина Ново Село и против В.К. од с.Ново Село, со престој во Струмица, управител на пријавеното правно лице за сторени кривични дела по член 95-в став 1, односно член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, соопшти денеска МВР.

При извршена контрола во простории на правното лице каде што бил складиран сувиот цвет од медицински канабис, полициски службеници од СВР Струмица и службени лица од надлежната комисија при Министерството за здравство утврдиле дека има недостаток на документација поврзана со ангажираниот кадар, недостаток на друга задолжителна документација, како и недостаток на 7813,49 килограми сув цвет од медицински канабис, а за која количина пријавеното правно лице не располагало со соодветна документација и покритие, соопштија од полициајта.

Слични објави