„Проблем е негаторската политика на Бугарија и да смениме Устав, ПАК ЌЕ ИМА ВЕТО“

Во однос на уставните измени предлогот на опозицијата за хрватскиот модел беше да се демаскира приказната на Владата дека се про-Европејци.

– Не се проблем 3.500 Бугари. Проблем е негаторската политика на нашиот сосед кој ја има кон нашиот идентитет, историја и култура. Ние со овие постапки што ги правиме како држава само ја подгреваме негаторската политика. И да го промениме уставот ние пак ќе се соочиме со низа вета од Бугарија. Со прифаќањето на ваквата преговарачка рамка, билатералниот проблем се издигна на ниво на ЕУ. А тој проблем не е во Копенхашките критериуми, вели универзитетскиот професор Самоил Малчески во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Според него  оваа Влада го доведе евроскептицизмот на највисоко ниво во историјата иако тука удел има и Бугарија па и самата ЕУ.

Народот не е ни глуп ни слеп, па оваа пропаганда што ја вршат нема да помине, вели Малчески.

За работи од стратешки интерес од државата, мене ми е многу лесно да се усогласам со стари членови на СДСМ, но никој не сака тоа јавно да го каже. Според него, преголемата акумулација на моќта е опасна и опасно е кога ќе се опкружите со луѓе кои ве фалат за да ја задржат својата позиција.

-На народот мора да му се каже вистината, заклучува Малчески.

Преговарачката рамка на ЕУ е официјален документ, а гарнитурата на ЕУ ќе се смени, па оттука, вели Малчески, не може да предвиди дали ВМРО-ДПМНЕ ќе успее да направи промени во наша полза.

– Владата на СДСМ и ДУИ ја прифати оваа преговарачка рамка само за да остане ден повеќе на власт, вели Малчески.

Тој вели дека реално немаме институции во државата и смета дека ќе бевме во многу поповолна позиција ако во 2017 година се спроведеше предлогот на Рајнхард Прибе. Ние на долг рок не можеме да опстоиме во процесот на ЕУ ако работите останат вакви, коментира Малчески.

– Ние сме кадарни да направиме држава, но прво треба да ја смениме негативната селекција односно компетентни луѓе да доаѓаат на вистинските места, вели Малчески.

Тој е дециден дена уставни промени нема да има.

Слични објави