ВМРО-ДПМНЕ не го критикува СДСМ толку оти СДСМ ништо не работи, затоа нивните критики се насочени кон Артан Груби за ко е де факто премиерот во државата, вели универзитетскиот професор Самоил Малчески.
– Многу лесно поминуваат само нивните лични интереси. Па не може кромид да е 60 денари во продавница, а квадратен метар во Центар на Скопје да е 70 денари, вели Малчески.
Малчески вели дека сме изморени од ова што се случува во државата и граѓаните се со право незадоволни. Ако опозицијата не понуди конкретни работи, овие анкети во кои води опозицијата нема да важат дента на изборите.
ВМРО-ДПМНЕ може да направи коалиција со Албанците. Извесно е дека ДУИ ќе се подели на две партии. Огнените можат и да се претопат со Беса. Нема да им биде комотна позицијата на ДУИ, вели Малчески
Тој исто така се осврна на тоа дека кога се менуваше концепцијата на образованието сите се побунија.
Сега немаме ни учебници, во образованието нема ни елементарни услови. Но, тие не сакаа да го послушаат гласот на експертите, вели универзитетскиот професор Самоил Малчески во СТУДИО 10 на ТВ 24.
– Сите го заборавија документот со препораките од Прибе каде точно се наведени слабостите на државата и никој не работи на коригирање на тие слабости. Ова што го живееме сега трае 30 години и е последица од таа негативна селекција – доаѓа некомпетентен на главна позиција и понатаму по хиерархијата се избираат помалку компетентни од него, вели Малчески.