Двајца пешаци загинале, а уште двајца биле тешко повредени во петокот околу 21:45 часот на автопатот А3 Брегана–Загреб–Липовац, каде што претрчувале преку коловозот, пренесе порталот „Црна хроника“.
Од полицијата наведуваат дека „од засега непознати причини, три машки и едно женско лице претрчувале преку коловозната лента кога во нив удриле два автомобила“.
На местото на тешката сообраќајна несреќа загинале двајца пешаци, додека, пак, двајца пешаци биле пренесени во Општата болница Нова Градишка, каде што им биле констатирани тешки телесни повреди.
Сопатник од едно од возилата е полесно повреден.
Телата на загинатите мажи биле пренесени во Општата болница во Сисак, каде што ќе биде извршена обдукција.