АЦФ којашто ги застапува интересите на сите пациенти без никаков исклучок како и досега ќе продолжи да дејствува за обезбедување современа терапија за сите пациенти со цистична фиброза, стои во Фејсбук објавата на ова Асоцијацијата.
Оттаму се оградуваат од изјавата на пациентот Игор Пехчевски член на АЦФ за директорката на Детската клиника.
„Во врска со најновите случувања и изјава на пациентот Игор Пехчевски, член на АЦФ, Асоцијацијата се оградува од лично изнесениот став на пациентот поврзан со лечењето и третманот кон него.Воедно, како Асоцијација на пациенти немавме и немаме забелешки за професионалниот пристап и третманот од страна на здравствените работници задолжени за оваа специфична здравствена состојба. Напротив, токму заради професионалниот пристап, голема е почитта кон сите нив меѓу кои и професорката Стојка Фуштиќ особено затоа што е достапна во секое време, без разлика дали станува збор за празник или нејзин слободен ден“, стои во Фејбук објавата.
„Сметаме дека личното незадоволство на нашиот член Игор, потенцијално може да оди на штета на сите пациенти и на она што Асоцијацијата до овој момент успеа да го постигне.
Воедно, пациентите преку Асоцијацијата ги продолжуваат своите активности кои се веќе започнати со Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë, Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и Влада на Република Северна Македонија за остварување на правото за современа терапија и обезбедување соодветни условите за лекување на сите пациенти“, се додава во објавата.