Зара Едгар (36) потроши илјадници фунти за да го постигне популарниот ’Инстаграм изглед’, но резултатите ја оставија разочарана. Ги оперирала стомакот, задникот, градите и ги направила забите. Рекла дека целта и била да изгледа убаво во бикини, но сега се кае за својата одлука.
Зара, која сега живее на западноиндискиот остров Гренада, минатата година со својот сопруг Игел Едгар (39) одлета во Турција за да оди на процедури. Игел има вградувано забни импланти за подобрување на неговата насмевка, но исто така не е задоволен од резултатите.

Се обидував да го добијам тој „Инстаграм изглед“, каде што се е совршено. Но, јас не би го направилa тоа сега. Само прифатете се такви какви што сте. Би сакалa и јас да го naправев тоа. Многу ми е жал за таа погрешна одлука – рекла Зара и додала дека сопругот и рекол дека нема потреба да оди на операција.
Да го слушав. Сега се чувствувам како да има метал во мојот стомак. Тоа ме прави толку несреќна – изјави Зара.

Зара и Игел, градежни работници, ја продадоа својата куќа во Манчестер и се преселија во Гренада во ноември. Тие преку Инстаграм ја нашле Клинка во Турција и го платиле договорот со нив.
Ова вклучуваше операција и единаесет ноќевања во хотел – рекоа тие.
Операцијата на Зара чинеше 6.000 фунти (6.818 евра), а нејзината стоматолошка процедура чинеше 4.500 фунти (5.114 евра). Истата сума Игел ја плати за својата стоматолошка процедура. Парот за храна потрошил уште 1.136 евра.

Зара не се жали на зголемувањето на градите, но вели дека и понатаму ја боли стомакот и дека задникот не е со големината што би сакала. Турската клиника тврди дека парот платил помалку од 16.000 фунти, но не ја потврдија вкупната сума. Тие рекоа и дека не ја платиле конечната сума, но не кажаа колку се уште должат. Тие исто така додадоа дека изгледале среќни кога ја напуштиле болницата и дека можеле да побараат помош, пишува The Sun.