Роботи кучиња, полицијата на Њујорк добива засилување!

Наречени “Digidogs”, два роботи-кучиња произведени во соработка со “Knightscope” и компанијата “Boston Dynamics” (доскорашна сопственост на “Google”, а сега дел од “Hyundai”), ќе го засилят безбедносниот состав на њујоршката полиција.

Роботите, кои се усовршуваат постојано, ќе им помогнат на полициските органи да ги разрешуваат случаите кога е опасно да се изложуваат луѓето, како на пример во ситуации кога има земање на заложници. Њујоршката полиција пред неколку години веќе имаше сличен проект со роботи-кучиња, но поради лошите реакции на јавноста, проектот беше прекинат. Сепак овојпат полицијата на Њујорк изрази спремност да ги користи “Digidogs” како поддршка во различни задачи и да го подобри безбедносниот аспект на работата на полицијата.

Слични објави