Таравари го разреши Фетаи од функцијата шеф на Собранието на Алијансата за Албанците

од Вести365.МК Ј.Р.

На вонредното собрание на АА од крилото на Арбен Таравари, беше разрешен шефот на собранието, Арбен Фетаи.

„Исклучивме и некои членови на Претседателството кои веќе јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците.За Мимоза Муса одлуката не беше донесена, бидејќи не беше добро дефинирана пораката од неа, дали останува со Алијансата за Албанците, или останува со ВРЕДИ, немаме јасна порака“, рече Таравари

„Исклучивме и некои членови на Претседателството кои веќе јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците, членовите на Претседателството кои беа избркани се вкупно 8 од 46 членови на Централното претседателство, така што Претседателството продолжува со мнозинството членови, Собранието со апсолутно мнозинство во Централното собрание. За Мимоза Муса одлуката не беше донесена, бидејќи не беше добро дефинирана пораката,дали останува со Алијансата за Албанците, или останува со ВЛЕН, немаме јасна порака“, дополни Таравари.

Состанокот на Собранието, како што рече Таравари, го иницираа 2/3 од членовите, а доаѓа неколку дена откако дел од високите функционери на оваа партија се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и коалицијата. За нов претседател на собранието на АА е избран Назим Таипи.

Слични објави