Вискоката претставничка на ЕУ за надоврешна политика Каја Калас денеска е во Скопје како дел од својата посета на регионот. Вчера во Белград рече дека за Србија не постојат скриени патишта до членство и се очекува истата порака да ја пренесе и на македонските власти. Ова е сосема различна изјава од пред две недели кога рече дека имаат план „Б“ за прием на Украина доколку Унгарија ќе стави вето.