Денеска протестен марш на семејствата на починатите во кочанската дискотека: „Марш за ангелите“

од Вести365.МК Ј.Р.

Семејствата на жртвите од трагичниот пожар во Кочани денеска ќе излезат на мирен протестен марш под наслов „Марш за ангелите“.

Нивната порака е јасна — нема да престанат да бараат правда додека не се открие целосната вистина за настанот што ги одзеде животите на нивните најблиски.

Според најавите, маршот ќе започне од Градскиот парк, а потоа ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полициската станица на МВР и Основниот суд во градот.

„Семејствата ќе ја бараат правдата за нивните покојни деца се до последен здив и бараат брза и непристрасна истрага и судска постапка“ велат семејствата.

Тие бараат итна, непристрасна и транспарентна истрага, како и судска разрешница што ќе донесе одговорност за трагедијата. Истовремено нагласуваат дека маршот не е насочен кон поддршка на обезбедувањето, туку единствено е чин на почит кон починатите и глас за правда.

Фото: Телевизија M»Net HD

Слични објави