УЖАС ВО СРБИЈА киднапирал и убил девојка (16), упаднал во куќа и ги избодел мајката, бабата и вујкото

од Вести365.МК Ј.Р.

16 годишна тинејџерка денеска нешто по 14 часот е убиена во белградско Рипње. Сторителот по убиството побегнал од местото на злосторството, а на полицијата и се предал околу 15.30 часот.

Како што јави Телеграф, станува збор за 38-годишниот Стојан И., кој упаднал во куќата на семејството на тинејџерката, ги избодел мајка ѝ, баба ѝ и вујко ѝ, а на километар од куќата ја киднапирал и убил девојката. Постојат основани сомневања и дека и ја силувал. Осомничениот досега бил пријавуван во полиција 20 пати.

Тврдел дека му фрлиле црна магија
Телеграф јавува дека, според неофицијални информации, мажот влегол во куќата и со нож го нападнал целото семејство. Тврдел дека му „фрлиле црна магија“. Во таа прилика во автомобилотрисилно ја внесол девојката, а откако ја убил, телото го фрлил во близина на кланицата во Рипње.

Повредените мајка, баба и вујко се во болница, пишува Телеграф. Семејството има пет деца, во куќата живеат со мајка им, вујко и родителите на мајката.

„Чесно и работливо семејство, живееле во многу тешки услови, додека добри луѓе не им помогнале да ја обноват куќата. Таткото го издржува семејството со тешка физичка работа. Пред три години во нивната куќа избувна пожар, потоа останаа без покрив над глава“, вели еден од соседите.

Дедото на убиеното девојче: Утрово пиев кафе со Стојана
Дедото на убиеното девојче за Н1 изјави дека нема индикации дека ќе се случи вакво злосторство и дека утрово пиел кафе со убиецот. Тој вели дека односите меѓу семејството и Стојан биле добри.

„Имавме кафе сабајлево, ме возеше до свртницата“, вели дедо. Кога се вратил, од сосед слушнал дека осомничениот Стојан Илиќ (38) ги нападнал синот, ќерката, сопругата и внуката, пишува Н1. Тој вели дека дома нашол многу крв, а уште една внука, која исто така била во куќата во моментот на нападот, успеала да побегне.

Слични објави