НОВА ТРАГЕДИЈА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА: На родилката ѝ дале апче за провокација и ја пратиле дома, кога дошла да се породи вечерта, веќе било доцна

од Вести365.МК Ј.Р.

Бебе починало вчера во стомакот на родилка од Битола откако ѝ била дадена таблета за да се испровоцира породувањето, по што родилката била пратена дома од дежурниот гинеколог, објави порталот „Независен“ повикувајќи се на болнички извори.

Кога родилката се вратила во текот на ноќта во болница да раѓа веќе било доцна за бебето. Дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и по исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето, но му немало спас.

Претходно немало никакви компликации со плодот, ниту пак мајката имала какви било здравствени проблеми во текот на бременоста.

Директорот на битолската клиничка болница д-р Александар Обедниковски, го потврдил случајот за „независен“ без да даде детали. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска требало да дојде во болницата за да се запознае со случајот.

Обдукцијата е во тек за да се утврдат причините за смртта на бебето.

Слични објави