Претседателот на СДСМ, Филипче му ја честиташе победата на Трамп

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче му ја честиташе победата на Претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, му ја честитам победата на изборите на Претседателот на САД, Доналд Трамп. Убеден сум дека под негово водство стратешкото партнерство меѓу САД и Cеверна Македонија ќе продолжи и ќе се продлабочи, вели Филипче во честитката.

Cеверна Македонија и Соединетите Американски Држави, додава Филипче, имаат долгогодишни врски на пријателство и соработка, и истакнува оти верува дека тие ќе се развијат уште повеќе, кон наш взаемен напредок и благосостојба.

Слични објави