Соседот на Бред Пит живеел кај него со години бесплатно: „Не очекувал дека ќе доживее 105 години“

од Вести365.МК Ј.Р.

Американскиот актер Бред Пит со години му дозволувал на својот 105-годишен сосед да живее бесплатно во неговиот поранешен имот вреден 39 милиони долари во Л.А.

Тоа го потврдила и Касандра Петерсон во интервју за People, а нагласила дека Пит бил многу љубезен кон својот сосед откако неговата сопруга починала.

“Бред беше многу љубезен кон својот сосед, особено откако неговата сопруга почина. Џон на крајот живееше на имотот на Бред, а Пит не му наплати ништо, и тој остана таму до неговата смрт”, рече Петерсон, која муго продаде имотот во 1994 година, за тој да го продаде во март годинава.

„Бред веројатно мислел, кога му дозволил на привремениот сосед да живее на неговиот имот, дека Џон ќе остане таму до крајот на животот и дека не му останува уште многу, но соседот доживеал 105 години“, вели Петерсон.

Пит на крајот го продаде имотот по 30 години за 39 милиони долари, а го купи за 1,7 милиони долраи. Бред дури морал да ја намали цената бидејќи имотот бил проценет на 45 милиони долари, но причината за намалувањето на цената не е позната.

Слични објави