Вашата мајка почина, вака гласела пораката од Општата болница во Брежице до едно семејство. Тагата набрзо ја замени нова шокантна вест – вашата мајка е се уште жива.
Словенечките вести известуваат за случај во кој жена (80) била констатирана смрт поради лекарско невнимание.
Сè се случило затоа што лекарот не го почитувал протоколот при констатирање смрт на пациентот – објаснила Аница Хрибар, директорка на болницата во Брежице.
Таа објасни дека смртта треба да се констатира со ЕКГ и дури потоа да биде известено семејството. Овој пат докторот само накратко ја проверил нејзината состојба. Половина час по првиот повик, роднините биле известени дека жената е се уште жива.
Докторот му се извини на семејството за грешката, а болницата дополнително го опоменале за грешката што ја направил.