Актерот Двејн Џонсон (50), попознат како The Rock, на својот Инстаграм профил го објави снимањето на филмската верзија на популарниот анимиран филм. Станува збор за филмот на Дизни „Моана“’, а многу фанови и гледачи се налутија од оваа информација.
Возбудени сме што можеме да објавиме дека се снима римејк на анимираниот филм „Моана“’со вистински актери – потврди The Rock, кој во филмот ќе го игра истиот лик како во цртаниот, полубогот Мауи.
Неговата објава на Инстаграм собра над милион лајкови, но имаше многу фанови кои не беа ентузијасти за оваа идеја.
„Моана“ излезе во 2016 година. Па, не поминаа ни десет години, а вие веќе снимате филм. Воопшто немате почит. Ова нема смисла – напишал еден од твитерџиите.
Мило ми е што луѓето со нетрпение го очекуваат ова, но навистина ме нервира. „Моана“ е еден од најдобрите цртани филмови на Дизни досега и е одличен пример за тоа како треба да изгледаат добра приказна и анимација. Овие римејкови се цинични и направени од алчност. Не ми се допаѓа тоа – е друг коментар.