Четирикратниот светски шампион во кик бокс, Украинецот Виталиј Меринов (32), почина во болница откако беше ранет во тепачка со руските војници во источниот регион Луганск. Меринов почина во болница откако беше ранет на линијата на фронтот минатата недела.
Од 2014 година е волонтер на украинската армија, а од почетокот на војната во пролетта 2022 година е во Доњецк и Луганск, каде се воделе најголемите битки меѓу украинските и руските сили. Меринов беше ранет и минатата година во месноста Маринка, а по закрепнувањето се врати на фронтот.
„Три пати ура за херојот на Украина Виталиј Меринов“, рече неговиот пријател Тарас Мстислав на збогувањето во неговиот роден град Ивано-Франковск на самиот запад на земјата. За време на погребната поворка, граѓаните клекнаа на улица држејќи украински знамиња, додека други фрлаа цвеќиња.
„Видете сами, илјадници жители дојдоа да се простат од него. За жал, непријателот го зема најдоброто“, додаде Мстислав. Меринов бил оженет и има двегодишна ќерка.