Шест годишната Јана Христоска починала од мускулно-воспалителна реакција кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим –тропонин, се вели во извештајот на Комисијата за стручен надзор при министерството за здравство. Во извештајот стои дека во направената анаменеза има податок за прележен ковид пред шест месеци. Тропонините се протеини кои се наоѓаат во срцевите и скелтените мускули. Кога срцето е оштетно, тропонинот се ослободува од клетките на срецевниот мускул во крвотокот. Лекарите можат да го измерат нивото на тропнин во крва за да откријат дали има срцев удар или не, објаснува медицината за овој енизим.
„ По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин.
Комисијата за стручен надзор објаснува дека во болницата во Битола биле преземени сите потребни чекори, за лекување на девојчето и дека немало никакви пропусти во лекувањето. Исто и државниот и санитарен инспекторат не потврди пропусти во медицинскиот третман на лекување.
Шестгодишното девојче почина на 22 март. Девојчето било донесено со температура и дехидрирано поради повраќање, па докторите му дале инфузија со гликоза на детето по што му се влошила состојбата. Родителите ги обвинуваат лекарите за грешка при лекувањето.
Во извештајот на Комисијата за стручен надзор воопшто не е спомнато дали примената гликоза влијаела за влошувањето на здравјето на девојчето. Она што се чека во наредните десет дена е извештајот од обдукција кога треба да се каже што точно било причина за смртта на девојчето. Засега Јавното обвинителство од Институтот за судска медицина не било побарано да има дополнителни испитувања, потврдуваат за Канал 5. А од министерството за здравство соопштија дека комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство.