Низ Србија поставени билборди: „Ние не сме геноциден народ“

Генералното собрание на ОН денеска ќе гласа за резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.

Во меѓувреме, во Белград и градовите во Србија на билбордите е истакнат текстот „Ние не сме геноциден народ“- Горда Србија и Српска, а ист текст е поставен и на Кулата Белград. Истиот текст на своите социјални мрежи го имаат поставено речиси сите претставници на државниот врв.

Медиумите ги пренесуваат пораките на претседателот Александар Вучиќ и делегацијата од Њујорк за дипломатската борба во докажувањето дека Србите не се геноциден народ

Слични објави