Исчезнатата Енкеледа Чела е Македонка од Голо Брдо, нејзините родители веќе се пристигнати во Скопје

Дваесет годишната девојка Енкеледа Чела, која од вчера се води за исчезната, била студентка на Економскиот факултет во Скопје, а  родителите на девојката, која е Македонка од селото Требиште во областа Голо Брдо и е државјанка на Албанија, веќе се пристигнати во Скопје.

„Енкеледа е стипендист на македонската влада и е на втора година од студиите. И средното економско училиште го заврши во Охрид, со одличен успех, како што успешно ги полага и испитите на факултет. Се надеваме дека ќе биде пронајдена здрава и жива“, велат блиски роднини на девојката во изјава за МИА и потврдуваат дека родителите веќе се во Скопје.

Тие додаваат дека загриженоста е голема кај сите жители во селото и областа, кај најблиските роднини и нејзиот брат и трите сестри, но се надеваат дека се ќе има среќен крај.

Сликата од девојка на која е опишан нејзиниот изглед од утрово се шири на социјалните мрежи.

Според описот на фотографијата станува збор за девојка со црвено-кафена боја на коса, висока 160 сантиметри, тешка 55 килограми, која на горните заби носела протеза. Девојката била облечена во фармерки и црна јакна, а носела и ранец.

На фотографијата, исто така е нагласено дека девојката последен пат била видена вчера наутро на бензинската пумпа во населбата Илинден.

Слични објави