Али Ахмети носител на листа во 5-та ИЕ, додека Талат Џафери во 6-та ИЕ?

Али Ахмети, за разлика од претходните избори, овој пат избрал да ја предводи листата на интегративистите во 5-та изборна единица, објави Флака.

Според нивниот извор, главно неодамнешните анкети покажуваат дека ДУИ не е во потребната кондиција, особено во шестата изборна единица и се уште не успеала да се опорави по двата последователни порази во Тетово и Гостивар.

Иако беше најавено дека ДУИ може да оди со заеднички листи со Социјалдемократскиот сојуз, под знамето на заеднички европски фронт, сепак како сигурна опција сега останува изградбата на албански европски фронт без СДСМ, но во заеднички фронт со партијата на Мендух Тачи, Арјан Хоџа, Народното движење на Скендер Реџепи, можеби со остатокот од АА, крилото на Зијадин Села.

Што се однесува до останатите изборни единици, иако не е официјално, во ходниците во ДУИ се имињата на техничкиот премиер Талат Џафери во шестата изборна единица, Арбр Адеми во втората , додека Артан Груби ќе ја води првата изборна единица и ќе се соочи на мегданот со Изет Меџити.

Слични објави