Скандинавската авиокомпанија САС започна специјална акција Destination Unknown (Непозната локација) во која патниците ќе имаат можност да летаат до непозната дестинација.
Пријавувањето за акцијата започна на 12 февруари, а во првата минута по нејзиното лансирање се пријавија повеќе од 1.000 луѓе, пренесува Aero Time.
Право на пријавување имаат членовите на САС програмата за лојалност EuroBonus Патувањето до непознати дестинации ќе трае од 5 до 8 април, а патниците ќе ја знаат својата крајна дестинација дури кога ќе слетаат таму. САС за оваа прилика ќе користи специјален авион, односно патниците нема да летаат на редовна комерцијална линија.
Според шведските медиуми, интересот за ова патување е огромен.
Концептот е дека патниците нема да знаат каде одат додека не бидат „во воздух“.
„Воодушевен сум од овој концепт и сигурен сум дека многу патници, како мене, се возбудени од идејата да одат на непозната дестинација. Можноста да се впуштат во таква авантура, заедно со други ентузијастички патници, и можноста да стекнувате нови пријатели на патот, е забавно. SAS се залага за доверба и квалитет, а ние им ветуваме на патниците доживотно сеќавање на патувањето“, вели Пол Верхаген, главен комерцијален директор во SAS.
Сите места на летот се резервирани за членовите на SAS EuroBonus и може да се купат само со EuroBonus поени.