Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота

Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат и во сабота.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота (13.01.2024) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје (од 08 до 16 часот).

Денеска премиерот Димитар Ковачевски најави дека личните карти за домашна употреба ќе важат и по истекот на рокот, но засега не се знае дали пасошите ќе може да се користат.

Граѓаните се гневни на гужвите. Со денови гледаме немили видеа и фотографии од просториите на МВР во МРТВ.

Претседателот Стево Пендаровски пред неколку дена во интервју, изјави дека ова што им се прави на граѓаните е срамота и дека побарал рокот за менување на патните исправи и лични документи да се одложи до септември или октомври.

Прашан за оваа идеја на Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, рече дека ќе се разговара на владина седница.

Личните карти ќе имаат важност во внатрешна употреба и после 12-ти февруари, рок согласно Преспанскиот договор со Грција што стапи на сила во 2019 година.

Слични објави