Бруталното и грозоморно убиство на Вања е пораз за цела држава. Тоа се случи и поради нефункционирањето на системот, неспособноста на институциите и отсуството на одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека еден од главно осомничените е во бегство.
– Истиот тој е и поранешен висок функционер на владејачката СДС, меѓудругото дел од една криминално рекетарска банда која настапува и во јавниот простор за кој е јасно дека е блиска до власта, група која уценува неистомислемици, и која работи само за користољубие, посочуваат тие.
Во соопштението се вели дека Спасовски беше презафатен со организирање на самит, додека крволочната банда убива и хара низ Скопје.
Оттаму прашуваат треба Спасовски да одговори едно прашање – Кога истрагата дознала за извршителите идали Спасовски и началниците во МВР криеле заради самитот на ОБСЕ? Нема скандал кој не се случи во овој негов мандат.
Се делеа пасоши на криминалци од балканското и европско подземје, се случуваа сомнителни набавки на софтвери и милионски тендери, скандали со прислушукување и нелегално следење на комуникации и злоупотреба на службите за следење, криминалци неказнети кои избркале полицајци од полициска станица во Арачиново, МВР на Спасовски даваше и половина милион евра на транспортната фирма што набавуваше 2 машини за перење од 25.500 во општина чиј градоначалник беше од неговата партија и редица други скандали Спасовски оставка веднаш, стои во соопштението.