Поради снег откажани десетици летови од Амстердам

од Вести365.МК Ј.Р.

Десетици летови од аеродромот Схипхол во Амстердам денеска се откажани поради снегот што се очекува попладне во Холандија, соопшти управата на аеродромот.

На веб-страницата на аеродромот Схипхол беше објавено дека се откажуваат речиси 150 дојдовни и појдовни летови.

Холандската авиокомпанија KLM, главниот корисник на аеродромот Схипхол, потврди за холандската новинска агенција АНП дека откажала 65 европски летови закажани за попладнево и вечерва.

Слични објави