Дневен хороскоп: Раковите да го сменат пристапот, Биковите ќе мора да менуваат планови

ОВЕН

Првиот дел од денот искористете го на најдобар можен начин, бидејќи попладнето и вечерта ќе ви донесат нервоза. Не бидете премногу барателни во односот со колегите или претпоставените. Во емотивниот сегмент може да почувствувате голем сомнеж и љубомора. Ќе бидете прилично посесивни кон саканата личност.

БИК

Денеска ќе мора да има реални промени во плановите, бидејќи нема да можете да се посветите на се што ќе зацртате. Иако некои постапки на соработниците ве загрижуваат, сега немате вистински причини за страв. Ќе имате отворен разговор со саканата личност за заеднички планови или приоритети.

БЛИЗНАЦИ

Чувствувате дека има некаков ќорсокак во деловната зделка и ќе се обидете да откриете во што е проблемот. До крајот на овој ден ќе имате дефинирани некои работи. Имате намера да решите проблематична ситуација со саканата личност, но работите не одат во насока во која сакате.

РАК

Знаете дека треба да промените нешто во пристапот кон соработниците, но сепак се трудите да ги правите работите на свој начин. Искрено – ова нема да биде особено успешно. Мислите дека саканата личност премногу ви притиска и ве оптоварува со некои работи. Сега не сте подготвени да се справите со тоа.

ЛАВ

Ќе бидете барани и доминантни во деловното опкружување. Другата страна го толерира вашето однесување, но има граници. Некој близок повлече линија за некои прашања и нема намера да се враќа во минатото и повторно да ги преиспитува. Прифатете го компромисот што ви се нуди.

ДЕВИЦА

И покрај тоа што не се обидувате да направите ништо конкретно – свесни сте дека ситуациите во деловниот сегмент се одвиваат во ваша корист. Ви се допаѓа ова и можно е дека ќе трае. Вие лично ќе гледате да фатите кривина секогаш кога ќе добиете прилика. Комуникацијата со спротивниот пол тече лесно.

ВАГА

Размислувавте што сакате од деловниот однос, а денес ќе се обидете да го направите токму она што знаете дека ќе остави најдобар впечаток. Ова некои би го нарекле манипулација, но ние ќе го наречеме – вистинска деловна лигавост. Она што е важно е дека резултатот е таму, нели?

СКОРПИЈА

Некој од деловниот сегмент ве притиска, но вие ќе можете да одговорите на ист начин. Само без аргументи, можете многу подобро. Свесни сте дека имате големо влијание врз личноста која потајно ви се допаѓа, а денес малку ќе флертувате.

СТРЕЛЕЦ

Денеска се поставува многу сериозна пречка пред вас во деловниот сегмент. Ова може да биде тежок колега од работа или некаков услов што ви е наметнат. Не паничете, брзо ќе го преболите ова. Се обидувате да го промените однесувањето кон саканата личност, бидејќи сте свесни дека грешите.

ЈАРЕЦ

На Јарците им претстои ден кога можат да променат некои не само деловни, туку и емотивни ситуации. Денеска преземете иницијатива во се што ви е важно, бидејќи имате моќ да ги свртите воспоставените ситуации. Силата на вашата личност денес доаѓа до израз.

ВОДОЛИЈА

Иако денес се работи во постојан ритам, вие сте незадоволни бидејќи мислите дека сте можеле да постигнете повеќе. Не грижете се, ова е само привремено вознемирување. Направете добар план на обврските, за да не доцните со договор со саканата личност или да не се заљубите.

РИБИ

Решивте целосно да се посветите на една зделка и можете да сметате на помош на пријател, колега или посредник кој ќе има големо влијание врз другата страна. Добивате совети како да постапите во ситуација со емотивен партнер. Би вредело да се слуша.

Слични објави