ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на европскиот пат. Ова го потврди извештајот на Европската комисија, во кој клучен проблем и забелешки се тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата, велат од СДСМ.
Според нив извештајот укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
– Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ е и за поглавјата кои се однесуваат на борбата против корупцијата, што значи ВМРО-ДПМНЕ беше и останува против правдата. ЕК јасно посочува дека Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата а нема назадување во ниту едно поглавје, додека 90 отсто од поглавјата се на соодветно ниво на подготвеност, додаваат тие.