Според министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ Бујар Османи во кумановско Сопот не се отворило музеј на УЧК, туку музеј кој што бележи на настан од 1944 година, кога се убиени селани од селото. Како што истакна шефот на македонската дипломатија, лидерот на ДУИ Али Ахмети бил во кумановското село и тоа само како поканет гостин.
-Според мои информации, организаторите на настанот велат дека тоа е семејно земјиште и семејството тоа го изградило. Ние немаме никаков удел во тоа и единствено бевме поканети, рече Османи, запрашан за контроверзниот настан кој се случи изминатиот викенд.
-Беше погрешно претставен како музеј на УЧК, додаде тој.