Мерил Стрип се разведе од сопругот по 45 години брак: „Не живеат заедно шест години“

од Вести365.МК Ј.Р.

Американската актерка Мерил Стрип (74) и нејзиниот сопруг Дон Гамер (76), со кој беше во брак 45 години, живеат одвоени животи, потврди извор за „Пејџ сикс“.
Имено, оскаровката и прославениот скулптор се разделени повеќе од шест години.

„Дон Гамер и Мерил Стрип се разделени повеќе од шест години, и иако секогаш ќе се грижат еден за друг, тие избраа да живеат одвоени животи“, изјави претставникот на холивудската актерка.

Стрип, која присуствуваше на наградите „Princesa de Asturias“ во 2023 година, одлучи да не ја извади бурмата. Славната двојка последен пат беше видена заедно на црвениот тепих на филмските награди Оскар во 2018 година.

Слични објави