Во историскиот момент за евроинтегративниот процес на државата, кристално е јасно СДСМ е предводник на европскиот концепт на државата, додека од другата страна, ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ, велат од СДСМ.
Додаваат дека СДСМ е за ЕУ, како основна стратешка цел на државата и важен чекор кон подобрување на животниот стандард на граѓаните, поголеми плати и пензии, пристап до европските фондови, подобри услови за компаниите, европски вредности и стандарди.
– Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ. Ги манипулира граѓаните со лаги за наводна бугаризација, асимилација, губење на идентитетот и јазикот, наводен бугарски диктат, со безаргументирано противење на уставните измени го блокира европскиот пат на државата и европската иднина на народот, потенцираат тие.
Според нив Премногу време помина во чекање. Од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година поминаа 18 години, лани ги започнавме преговорите за членство, сега шансата за исчекор е голема, вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери јасна и потврдена.
Сега е време за преземање акции и за цврсто и храбро чекорење кон Европската Унија, стои во соопштението.