На Детската клиника починало двегодишно дете од Ресен, првично хоспитализирано во Битола па препратено за Скопје.
Детето почнало синоќа а најверојатно имало Ковид 19, објави Слободен печат.
Смртта настапила во Ургентниот центар на Клиниката за детски болести, а детето било примено во 7 часот вчера како итен случај од Битола и интубирано.
Според директорката на Клиниката, доктор Стојка Нацева Фуштиќ ковид не е причина за лошиот исход, иако брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката.
Детето нема медицинска историја кај нас бидејќи фамилијата живее во Германија. Од податоците што ги добивме има сериозни претходно дијагностицирани состојби, белодробна хипертонија, трахеомалација, оперирана срцева маана ВСД, заостаток во моторниот развој. Ковид сигурно не е причина за лошиот исход. Брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката, изјави доктор Фуштиќ за Слободен печат.