Има повредени пожарникари кои го гаснат што избувна во фирма на патот кон Попова Шапка

Рано утрово избувнал пожар во производствена фирма лоцирана на патот кон Попова Шапка. „Пожарникарите повеќе од 4 часа водат борба со огнот, а имаме и повредени пожарникари“, информирал командирот на пожарникарската единица.

Пожар избувна во производствено-деловен објект на патот од Тетово кон Попова Шапка и сè уште се гаси од тетовските пожарникари. Пожарот бил пријавен во 6 часот и 15 минути на бројот за итни случаи.

Тетовските пожарникари сè уште интервенираат на гаснењето на огнот и ликвидирање на пожарот.

„При интервенцијата има и повредени пожарникари, сè уште интервенираме“, информира командирот на тетовската пожарна Авни Амети.

Слични објави