Пет пожари активни во земјава, вчера изгаснати 44

Во земјава се активни пет пожари, информира изутринава Центарот за управување со кризи.

Во Општина Долнени има три пожари: кај село Зрзе со еден крак во село Рилево и еден крак во село Сливје,  и кај селата Кошино и Костинци.

Пожар има и во општина Куманово, село Бељаковце каде е запалена сува трева и ниска шума и во општина Гостивар, село Долна Ѓоновица каде гори дабова шума, ниска шума, ливади и грмушки.

ЦУК соопшти дека вчера биле регистрирани вкупно 49 пожари и се изгаснати 44.

Слични објави