Иако уредно поканети, министерот за правда, Кренар Лога и претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми не присуствуваат на седниците на Судскиот совет и при тоа тие не го оправдуваат своето отсуство. Ова е причина зошто денеска на седницата на советот се разви дебата дали и како да се постапува во иднина ако двајцата членови по функција неоправдано не доаѓаат на седниците на Судскиот совет.
Членовите на Судскиот совет констатираа дека членовите по функција, министерот за правда, Кренар Лога и претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми иако се уредно поканети, не присуствуваат и не известуваат за своето отсуство на седниците. Тоа, како што посочија, е пракса подолго време.
Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, посочи дека присуството на членовите по функција на седниците, особено може да биде значајно за разгледување и изнаоѓање решенија за состојбите во правосудството, за разлика од тоа за некои работи повеќе да се комуницира преку медиумите.
„Препораките се дека овие двајца членови по функција да не учествуваат во работата на оние седници на кои се избираат или на кои се разрешуваат судии. Но имаме реални проблеми кои од министерството за правда се должни да ги слушнат и кои заедно треба да ги решаваме. Но тие самите треба да одговорат зошто се индиферентни“, рече Георгиев.
Членот на Советот Ивица Николовски, предложи Претседателот на Судски совет да побара информација за нивното отсуство, посочувајќи дека треба да се прекине праксата, само да се констатира дека се отсутни.
Според членот Селим Адеми, тие се уредно поканети и Советот не може да констатира оправдано или неоправдано.
Тања Чачарова-Илиевска, рече дека тоа што станува збор за членови на Судски совет по функција, не ги оправдува за нивното отсуство и дека можеби треба да се стави забелешка на делот каде е констатирано дека се отсутни, дека не доставиле известување и за претходните седници за кои ќе се утврди дека не доставиле известување.
Советот го прифати предлогот на членот Антоанета Димовска, дека е доволно почнувајќи со денешната само да констатираат на записник дека не го известиле Судскиот совет за нивното отсуство, без да навлегуваат дали е оправдано или неоправдано нивното отсуство.
Според законот, министерот за правда и претсед