Фатон Ахмети поднесе оставка од ФЗО да се посветел на визијата на Али Ахмети

Фатон Ахмети поднесе оставка од функцијата директор на Фондот за здравство. Ахмети на Фејсбук информирајќи за оставката напиша дека ќе продолжи со својот ангажман фокусирајќи се на партиските обврски, со максимална посветеност во остварувањето на визијата на Али Ахмети.

– Секоја задача има свој почеток и крај. Денеска ве известувам дека поднесов оставка од функцијата генерален директор на Фондот за здравствено осигурување, изјави Ахмети.

Тој се заблагодари за поддршката и плодната соработка.

– Ќе ја продолжам мојата определба фокусирајќи се на партиските обврски, со максимална посветеност за реализирање на визијата на Али Ахмети!

Слични објави