Се апсат високи функционери на ДУИ, меѓу нив даночни инспектори и бизнисмени

Министерството за внатрешни работи утрово извршиле претреси на повеќе локации во државата, при што има уапсени повеќе лица. Неофицијално меѓу уапсените се и членови и високи функционери на владеачката ДУИ.

Како што дознава „Локално“, меѓу приведените има и даночни инспектори и бизнисмени.

Едно од имињата кое се спомнува дека е уапсено е и Исмет Гури од ДУИ, кој пред неколку дена доби затворска казна од 3 години и 6 месеци за случајот „Титаник 3“ за манипулација со изборни резултати на локалните избори во 2013 година во Чаир.

Слични објави